Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Чаир извршија службен разговор со Р.О.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Имено, на 18.07.2023 околу 17.50 часот во трговски центар на подрачјето на Центар, пријавениот одзел таблет и мобилен телефон од едно лице.
Предметите биле пронајдени и вратени на оштетениот. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.