Полициски службеници на СВР Тетово - ОВР Гостивар на улица „18 Ноември“, булевар „Браќа Ѓиновски“, ул.„ЈНА“ и ул.„Борче Велјановски“ во Гостивар ги лишиле од слобода Е.А.(19), Л.Х.(20), З.А.(20) и еден малолетник, сите од Гостивар.
Тие се сомничат дека сториле шест тешки кражби во станови. Одземените предмети биле пронајдени и ќе им бидат вратени на сопствениците.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.