Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Д.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа" по член 378 од Кривичниот законик.
Пријавениот набавил фалсификувано решение во кое било наведено дека му се одобрува промена на презимето и таквото фалсификувано решение го приложил на шалтерот во Одделението за управни работи Скопје со цел промена на неговото презиме.