Струмичката полиција вчера во 17 часот го лишила од слобода И.С.(41) од Струмица. При преттрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Како што информираат денеска од МВР, лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.