СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.И.(58) од Свети Николе, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, на социјалната мрежа Фејсбук, под објавен текст поставил коментар со кој промовирал или поттикнувал омраза и насилство.