Во СВР Куманово било пријавено дека кај с.Псача, при изведување на градежни работи, била пронајдена авионска граната со тежина од 100 кг, која потекнува од Втората светска војна.
Извршен бил увид, а од страна на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.