Во Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода Р.А.(49) од Велес, поради тоа што околу 16.05 часот во казино најпрвин побарал пари од вработените, а откако бил одбиен почнал да се заканува и со тврд предмет оштетил апарати.

Според пријавеното, тој потоа физички нападнал една од вработените и ѝ одзел мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.