Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Б.(23) од с.Горна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,затајување“.

Пријавениот, на 20.05.2023 во неговата авто-лакерска работилница во Гостивар продал патничко возило „опел корса“, без согласност на сопственикот А.А.(19) од с.Балин Дол, кој го оставил за лакирање и поправка. На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист.