Во СВР Тетово, С.А.(39) од Тетово пријавил дека во неговиот имот на улица „Алекасандар Јовановски-Журчин“ забележал неколку стебла за кои се посомневал дека се канабис сатива.
По извршениот увид било констатирано дека станува збор за 10 засадени стебла од канабис, кои биле одгледувани.
По консултација со јавен обвинител, стеблата биле одземени за понатамошна постапка. Се работи на расчистување и документирање на случајот.