На крстосница од улица „Киро Ристоски-Дрнц“ и „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле И.Д.(52) од тетовско Гајре, затоа при преглед кај него и во патничкото возило „мерцедес“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувал, биле пронајдени и одземени нож и бејзбол палка.

Исто така, било констатирано дека возилото е со помината регистрација повеќе од шест месеци и било задржано во полициска станица.

По документирање на случајот против него ќе следуваат соодветни поднесоци.