ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Л.(39) од Дебар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Тој, на 12.07.2023 на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Дебар, управувајќи возило „рено канго“, се обидел да ги удри Л.Ц. и А.Г. од Дебар, кои се превезувале на четирицикл.

Притоа, тој оштетил патничко возило „тојота“ и еден мотоцикл, паркирани на улицата.