Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје и Отсекот за општ криминалитет при СВР Куманово денеска во 11:30 часот го лишиле од слобода А. Љ. (27) од Куманово, кај кого биле пронајдени повеќе видови дрога.

- При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени марихуана, таблети, амфетамин, дробилка, дигитална вага и поголема сума на пари во различни валути и апоени. Додека, при преглед на неговото возило „мерцедес“ биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело, се вели во соопштението од МВР.

А.Љ. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.