Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера го привеле А.К.(38) од Кавадарци. Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземени марихуана, амфетамин, хероин, дигитална вага и метална дробилка.

-Лицето било задржано во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.