На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, соопшти МВР.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 11 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Од МВР посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.