- По потерница врз основа на судска наредба од Основен суд Гостивар, денеска околу 8:45 часот, полициските службеници од СВР Тетово - ПС Гостивар го привеле Ш.Ј.(22) од Равен, кој бил баран за издржување на казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци, за сторено кривично дело „недозволено производство и трговија со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по члени 215 и 216 од КЗ, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од МВР, Ш.Ј. е спроведен во КПУ Затвор „Идризово“ во Скопје, за издржување на затворската казна.