- Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 315 возачи.
Од нив, како што известија денеска од МВР, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 182 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 133 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. и се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.