Полициски службеници денеска го лишиле од слобода 19-годишниот битолчанец И.М., поради сомнение дека во текот на денов одзел накит од лицето со иницијали Е.В од Австралија, со престој во Битола, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

- Лицето било приведено во Полициската станица Битола и во службен разговор го признало делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, потенцираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против И.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.