- Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци синоќа во 00:45 часот на градскиот плоштад ги привеле П.М., на возраст од 24 години и 21-годишната Р.И. затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
- Подоцна, при претрес во домот на П.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, предмети со остатоци од марихуана и пари во залични апоени и валути, се појаснува во денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи.
Лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.