- На територија на државава синоќа изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Како што информираат денеска од МВР, изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции управување под дејство на алкохол...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и се апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.