- Полициски службеници на СВР Тетово минатиот месец на поширокото тетовско подрачје изрекле вкупно 754 мерки за неприлагодена брзина, односно пребрзо возење или шеесетина повеќе во споредба со истиот период лани. Најголемиот број од мерките, преку 400, се однесувале на пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место, претежно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје.

-На сите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од големината на пречекорувањето, се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност. За оние кои пречекориле за над 50 и 70 километри на час предвидена е и мерка - времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година, информира Марјан Јосифоски, портпартол на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово со уште еден повик до возачите да не возат пребрзо, не само во населените места, туку и надвор од нив, зашто токму неприлагодената брзина и во текот на август годинава во најмногу, 30 случаи, била најчестата причина за случување на сообраќајни несреќи.