Казнети се 339 возачи во акциска контрола спроведена вчера на територијата на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив, како што известуваат денеска од МВР, четиринаесет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движење дури со 70 километри на час над дозволеното. Притоа, 140 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 199 надвор од населено место.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат од МВР.