- Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска го привеле 38-годишниот А.Б. од гостиварска Симница.
Како што известуваат од МВР, за него била распишана потерница за доиздржување на затворска казна од 1 година и 8 месеци, а притоа, му бил пронајден и одземен кокаин.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за доиздржување на казната.