- На територијата на СВР Битола вчера се изречени санкции на 101 возач, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Шеесет и девет од изречените мерки се за возење повеќе од дозволената брзина, седум за возење без возачка дозвола, четири за управување под дејство на алкохол, три за непрописно паркирање. Изречена е и една санкција за користење на мобилен телефон при возење.

Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.