- Изречени се 534 казни за брзо возење, во акциска контрола што ја спроведе вчера Министерството за внатрешни работи на територијата на државава.
Како што соопштиМВР, 41 возило се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила дури со 70 километри на час над дозволеното. Притоа, 251 возило ја пречекориле брзината во населено место, а 283 надвор од населено место.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.