- Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода Т.В. од скопското село Добри Дол. Тој бил приведен во 13.45 часот на надвозник на клучка кај скопското село Стајковци, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор од една година.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.