- Казнети се 223 возачи во акциска контрола спроведена вчера на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив, како што известуваат денеска од МВР, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 117 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 106 надвор од населено место.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат од МВР.