Полицијата вчера во Радовиш го лишила од слобода радовишанецот Е.С.(28). При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
Како што соопшти МВР, Е.С. бил задржан во Полициската станица Радовиш, а за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.