- Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера во 15 часот го лишиле од слобода А.А.Г.(21) од Скопје поради поседување на марихуана.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека при претрес во домот на осомничениот на подрачјето на Аеродром, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.