- Во акциска контрола на територија на државава санкционирани се 203 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.

Како што денеска соопшти МВР, од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 112 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.