- Полицијата вчера на територија на СВР Битола санкциониранирала 93 возачи за сообраќајни прекршоци.
Како што соопшти денеска МВР, изречени се 34 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, осум мерки за возење без возачка дозвола, осум возачи за управување под дејство на алкохол,10 санкции за непрописно престигнување, седум санкции за непрописно паркирање и четири санкции за користење на мобилен телефон при возење.