- Полициски службеници од Полициската станица Радовиш вчеравечер го лишиле од слобода Т.Ј.(18) од Штип, осомничен дека истиот ден извршил тешка кражба во куќа во Радовиш.
Како што информираат денеска од МВР, кај него биле пронајдени предмети кои ќе бидат вратени на сопственикот.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш каде што по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.