- Полициски службеници од Куманово, минатата недела спроведоа акциска контрола за возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што, санкционирани се 304 возачи,
Како што информираат денеска Министерството за внатрешни работи, 213 возачи управувале со брзина поголема од пропишаната, 52 управувале со возило под дејство на алкохол, 29 за управување со возило без возачка дозвола и 10 за нерегистрирано возило.
МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.