- Во Тетово вчера околу 17.10 часот полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода 30-годишната М.И. од гостиварски Вруток.
Таа претходно била пријавена од 81-годишниот Р.М. од тетовски Челопек дека во близина на спортската сала во Тетово со употреба на сила му одзела пари, клучеви од возило и лични документи.
Од МВР денеска информираа дека таа била барана со потерница за доиздржување на затворска казна од две години.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по документирање на случајот ќе биде поднесен и соодветен поднесок.