- Вкупно 563 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во акцијата на Министерството за внатрешни работи спроведена на територија на цела држава.
Како што денеска соопшти МВР, од нив 35 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Вкупно 255 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 308 надвор од населено место.