Полициски службеници синоќа уапсиле две лица од Радовиш откако при претрес била пронајдена марихуана, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

-Синоќа во 21:30 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода С.С. (39) од Радовиш, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. С.С. бил задржан во Полициската станица Радовиш и во службен разговор изјавил дека марихуаната ја набавил од Д.Л. (38) од Радовиш. На 07.10.2023, врз основа на наредба на судија од Основен суд Радовиш, бил извршен претрес во домот на Д.Л., при што биле пронајдени две полиетиленски ќеси со марихуана, наведуваат од МВР.

Оттаму посочуваат дека тие се приведени во Полициската станица во Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.