Жител на струшкото село Радолишта и вработен во Шумското стопанство „Јабланица“ од Струга вчера биле затекнати при нелегален транспорт на 16 метри кубни огревно дрво.

СВР Охрид денеска соопшти дека при контроли во атарот на струшкото село Вишни, извршени од полициски службеници од ОСЕКК- МВР и од ОВР Струга сопрено е товарно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.И.(34) од струшкото село Радолишта, во кое сопатник бил С.П.(56) од Вевчани, вработен во Шумското стопанство „Јабланица“ од Струга.

- Констатирано е дека во возилото нелегално се превезуваат 16 метри кубни огревно дрво, кое заедно со други предмети, по насоки на јавен обвинител, се одземени и предадени на Шумската полиција, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По целосно документирање на настанот, додаде, ќе бидат поднесена соодветна пријава.