- Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР вчера ги лишиле од слобода М.С.(42) и 30-годишната С.К., двајцата од Битола.

При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени нож и други предмети со остатоци од дрога и пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

- При претрес во домот на С.К., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени одземени кокаин, грутчеста материја, куршуми и пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, појаснуваат од МВР.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, до Основното јавно обвинителство Битола, против нив е поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.