- Полициски службеници од Полициската станица Кичево, ноќеска околу 02:30 часот во Кичево, го лишиле од слобода Е.З.(26).
Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.