- Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против правно лице од Велес и против 48 годишниот Ј.Н., управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик, информира попладнево Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

На 25 септември годинава полициски службеници од Отсекот за економски криминал извршиле контрола во правното лице во Велес, кое врши продажба на огревно дрво.

-Притоа било констатирано даночно затајување од Ј.Н., односно за да се одбегне целосно или делумно плаќање на данок, придонес или некоја друга давачка, дал лажни, неточни и други факти за утврдување на количината на огревни дрва кои ги има на плацот за продажба на огревни дрва, појасни портпаролот Ѓаковска.