- Оперативен тим Потраги вчера во 17:40 часот на ул.„22 Декември“ во Пехчево го лишила од слобода Н.Б.(37) од Велес.
Како што информираат денеска од МВР, за него била распишана централна потерница по добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје.
Тој е осуден на казна затвор во времетраење од една и пол година за сторено кривично дело „тешка кражба“, по член 236 од Кривичниот законик. Н.Б. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.