- Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 19.00 часот спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 183 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР, 62 се на територијата на СВР Тетово, 31 на територија на СВР Охрид, 29 на територија на СВР Куманово...

- За време на контролата санкционирани се и 271 други видови на прекршоци, информираат од МВР и најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.