- Казнети се 40 возачи во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот во спроведената сообраќајна контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Северна Македонија.
Од нив, информираа денеска од МВР, 15 се на територијата на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Битола... При контролата санкционирани се и 171 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.