- Полициската станица Гевгелија поднела кривична пријава против Д.Б.(45) од Гевгелија осомничен за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Д.Џ.(36) од Гевгелија, осомничен за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „разбојништво“.
Од МВР денеска информираа дека Д.Б. се сомничи дека на 31.10.2023 околу 20.30 часот во Гевгелија со помош на Д.Џ. и со употреба на сила одзела накит од жителка на Гевгелија.
- По преземени мерки и активности, на 01.11.2023 двајцата биле лишени од слобода и во службен разговор во полициска станица го признале делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, се појаснува во соопштението од МВР.