Пожарникари од Територијалната противпожарна единица Велес, синоќа со брза и ефикасна интервенција успеале да спречат проширување на пожар во куќа на улица „Коле Цветков“ број 10, каде имало запалени осигурувачи.

Пожарникарите во 22:00 часот примила повик дека во куќа на оваа улица се запалени осигурачи. Нивна дежурна екипа веднаш се упатила на местото на настанот со едно возило и четворица пожарникари.

Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните доколку забележат пожар да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112.

Воедно апелираат до нив и да ја проверат и електричната инсталација во своите домови, бидејќи за жал честопати се случува поради неисправна електрична инсталација или осигурувачи да настане пожар и да изгоре куќа, стопански или друг објект.