- Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош вчера го лишиле од слобода Д.С. (53) од Скопје поради сомнение дека претходно во текот на денот од трговски центар, на подрачјето на Карпош одзел предмети.

Како што соопштија денеска од МВР, украдените предмети ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.