- Полициски службеници од РЦ за ГР Исток денеска го лишиле од слобода А.Д.(63) од Струмица. Тој бил затекнат со група од 11 лица мигранти (5 од Индија и 6 од Непал), кои ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично делоо, лицето било задржан во полициска станица, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.