Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција.
Како што соопшти МВР, изречени се и 16 мерка за возење без возачка дозвола, три за возачи почетници, 13 за користење мобилен телефон при возење, 20 санкции за некористење сигурносен појас, 11 за минување на затворен сигнал (црвено светло), 17 санкции за возење под дејство на алкохол...
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, повикуваат од МВР.