- Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода О.Ѓ.(43) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари во различни апоени.

Како што соопшти МВР, лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.