- Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 171 возач.

Од нив, информираа од МВР, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 99 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.