- Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 261 возач, соопштија денеска од МВР.

Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, информираат од МВР, 137 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.